Србија започнува преговори за пристапување кон ЕУ на 14-ти декември

од desk3
81 прегледи

Србија може да очекува отворање на првите поглавја за членство во ЕУ на 14-ти декември оваа година, изјави првиот дипломат на Европската унија Федерикљ Могерини во Белград за време на состанокот за надворешна политика на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), предаде EU Observer.

zx450y250_2663423

“На 14-ти Декември можеме да очекуваме отворање на две поглавја – 32-а и 35-а, за подетални преговори”, изјави Могерини.

32-а поглавје се однесува до билансот на контрола на јавните средства, а 35-а – е наречено “Други прашања”, кои во српскиот случај се однесуваат на односите со Косово.

Американски воен брод-разурнувач се закотви во Варна

Високиот претставник на ЕУ за прашањата за надворешна политика и безбедност ја поздрави Србија за “непреченото спроведување” на договорот за нормализирање на односите со Косово, велејќи дека “Србија има направено многу важни симболични, но и значајни чекори да придонесе кон разбирањето и соработката во регионот “.

“Ќе дојдеме во Брисел со големи очекувања и цврста верба дека Србија припаѓа на Европа”, изјави премиерот Александар Вучиќ за време на состанокот.

Во исто време претседателот на земјата Томислав Николиќ истакна дека односите меѓу стариот партнер на Србија Русија се толку важни како и оние со Западот.

Коментирајќи го одбивањето на Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, Николиќ рече: “Ние сигурно ќе соработуваме со Русија поинтензивно отколку досега, бидејќи сакаме да покажеме дека ќе бидеме во Европската унија што не значи дека ќе бидеме против Русија, и дека да бидеш пријател со Русија значи да бидеш против Европската унија “.