Турција ќе најде алтернативи на руските испораки на нафта и гас, во позадината на влошувањето на билатералните односи. Тоа е изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објавија француските медиуми. Односите меѓу Турција и Русија се затегнаа сериозно, откако турски F-16 собори со ракета “воздух-воздух” руски авион Су-24.
При нападот наречен од Владимир Путин “удар во грбот”, беше убиен пилотот на рускиот авион, а подоцна загина и маринец, испратен со хеликоптер да го спаси екипажот на бомбардерот. Изданието Daily Sabah пак ги цитира на страницата на Твитер зборовите на Ердоган, со кои тој ја обвинува Русија за падот на изградбата на гасоводот “Турски поток”.
Турција заплени 4 руски бродови, игрите продолжуваат…
“Ние не одобруваме ескалацијата на тензиите од страна на Русија, откако беше соборен нејзиниот авион”, посочува Ердоган.
