Денеска сме во кочанскиот регион, да ги посетиме производителите на ориз.
Она што денeска низ неколкуте средби овде го констатиравме се високите трошоци за производство на ориз, ниската историска цена на оризот и неисплатените субвенции.
Веројатно Никола Груевски при неговата посета заборавил да ги праша овие луѓе колку им се големи трошоците за производство, дали им се исплатени субвенциите за претходните години, за 2015 година, да ги праша особено која е цената на оризот.
Хронологија: Како, наместо решение, добивме криза во преговорите за медиумите
И од овде повтроруваме. Субвенциите да се исплатат веднаш.
Груевски да не манипулира со дополнителни субвенции бидејќи и тие што им следуваат за 2015 година не им се исплатени. Нема земјоделец кој има добиено субвенции и овде. Притоа многу луѓе се пожалија и на неисплатени субвенции во 2012, 2013 и 2014 година.
Груевски наместо да манипулира со јавноста, наместо да манипулира со маката на земјоделците, да одговори на уште едно прашање – зошто три дена молчи за случајот кој што го објавивме од министерството, а тоа е огромниот скандал со доделување на државно земјиште, од страна на раководителот на неговата подрачна единица во Битола, Илија Србиновски. Колку субвенции има добиено овој човек и неговата сопруга и кои се сите искористени средства од страна на програмите на Владата на овој раководител.

