Покрај генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, на списокот партиски функционери актуелни и поранешни кои користеле службени возила и полициско обезедување од МВР иако тоа не им следува по закон, се и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, бившиот директор на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски -Радникот, како и Јохан Тарчуловски, дознава Телма.

На списокот според неофицијални информации има над десеттина лица – кои со одлуки на поранешните министри за внатрешни од редот на ВМРО-ДПМНЕ незаконски користеле привилегии да се возат во државни автомобили и да користат полициско обезбедување, иако за тоа немало законско покритие.
Дел од нив користеле и по неколку возила.
Од МВР не ги потврдуваат информациите на Телма. Злоупотребите, како што велат на возилата и службеното обезедување утре ќе ги објави министерот Оливер Спасовски, кој истрагата ја најави од собраниска говорница на седницата за пратенички прашања.
Текстот во целост прочитајте го тука