(ВИДЕО) Доп. зам. министер во МЗШВ поднесе кривична против екс-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

од desk3
89 прегледи

Дополнителниот заменик-министер во МЗШВ-Љупчо Николовски , денеска во ОЈО поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Србиновски.

-пријава-за-злоупотребите-во-министерството

Што содржи нацртот за новиот Рамковен на Владата и Питер Фејт

“Врз основа на одржаната прес конференција на 4-ти декември оваа година и врз основа на основаните сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластувања на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, а сегашен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола, Илија Србиновски, денеска до јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како дополнителен заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство поднесов кривична пријава заедно со сите докази коишто беа презентирани. Јас како дополнителен заменик министер и ние како СДСМ нема да молчиме. Ќе работиме во интерес на граѓаните и во интерес на земјоделците. Секој кој се огрешил пред законот мора да одговара”- изјави Николовски.