Кирил Божиновски генерален секретар на Влада на РМ, Мартин Протуѓер советник на Груевски, Гоце Ѓуклевски национален координатор на телото за гранична безбедност, Емил Димитриев пратеник и генерален секретар на ВМРО- ДПМНЕ, Михајло Маневски поранешен министер за правда, пратеникот Амди Бајрам и Јохан Тарчуловски , незаконски користеле службени возила и обезбедување од МВР-информираше првиот човек на полицијата Оливер Спасовски.

Возилата и обезбедувањето биле користени само врз основа на усна наредба од поранешен началник на Шестата управа.
Спасовски вели дека веднаш издал наредба да им се одземат возилата, а од тогашниот начаник на Шестата управа побарано е службена белешка да образложи, зошто усно издал ваква наредба.
” Ова се сериозни процедурални недостатоци кои укажуваат на фактот дека во Македонија партијата не е поделена од државата. МВР не било на РМ, туку на ВМРО- ДПМНЕ. ОСтотици луѓе биле ангажирани за обезбедување со субјективни одлуки и контатирана е злоупотреба во рок од 24 часа на службените возила, додека оперативните и инспекциските служби немаат возила или се служат со стари”-посочи Спасовски
(ВИДЕО) Доп. зам. министер во МЗШВ поднесе кривична против екс-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Понатаму посочи дека е отворена интерна истрага во МВР за да се утврди материјалната штета, имајќи предвид дека голем број лица биле ангажирани да ги обезбедуваат. Во тек е и постапка за нова регуилатива во МВР, за ваквите појави да се спречат во иднина.
Според првиот полицаец, обезбедување и возила користат и поранешната министерка Гордана Јанкуловска и порашешниот директор на УБК Сашо Мијалков, но дека тоа е врз основа на направена безбедносна проценка. Сепак ќе се направи проверка дали проценката била донесена во согласност со законот. Тие имаат право на оваа бенифиција во траење од една година.