Жителите на грчкото село Идомени до границата со Македонија ќе ги блокираат автобусите со мигранти, соопшти агенцијата АНА.
“Ако до вторник мигрантите не си одат од селото, ние ќе дејствуваме спрема оние кои немаат право да ја преминат грчко-македонската граница”, изјави локалната раководителка Ксантула Супли. “Нема да пуштиме ниту еден автобус во Идомени. Ситуацијата не може да продолжи. Трпението ни заврши “, рече таа.
Во последните 24 часа 4501 мигрант со потврда за азил
Според Супли руралните жители, кои се 100-на и главно возрасни луѓе, често се соочуваат со дрски однесувања на некои мигранти, кои не се од трите националности, на кои им е дозволено да ја преминат границата – Сиријци, Ирачани и Авганистанци.
“Отпрвин немаше проблеми. Но, сега треба да се заклучени. Тие (мигрантите) влегуваат во дворовите, крадат кокошки, горат покуќнина од дворовите, за да се стоплат”, раскажува жителката Емануела Михалиду. Отпрвин жителите им помагаа на мигрантите со храна и облека, но нашите сили се исцрпени. Ситуацијата почна да се менуваат во средината на август 2015 година, кога бегалскиот поток се зголеми. По едно време во еден ден во селото со 100-ни жители имаше 9 500 мигранти “, раскажува таа.
Според Михалиду во селото треба да доаѓаат само оние на кои им е дозволено да ја преминат границата со соседната држава. “Властите треба да се справат со оваа ситуација”, истакна таа.
