Отворено писмо на Џемаили Иснифарис до Михајло Маневски објави Либертас повикувајќи се на фејсбук профилот на Зоран Божиновски.

Јас, Џемаили Иснифарис лично го прашувам Михајло Маневски: зошто не прифати телевизиски дуел со мене, дали ти беше понижување да се сретнеш очи во очи со мене, овчарот, или не сакаш јавноста да знае дека ние лично се познаваме и ти беше личен и голем пријател со мене многу години?
Од 1973-та година па наваму бевме фамилијарни пријатели до аферата „Бачило„. Што лошо ти направив за да бидеш мој најголем непријател и да ме направиш најголем криминалец во Европа, па сега луѓето не ме познаваат како Фарис него како БАЧИЛО.
Еј Михајло, колку време трпам во себе да кажам јавно колку многу зло имаш направено кај Македонците и кај Албанците и другите народности, а не само на мене лично!?
Прво, те прашувам зошто кога беше во антикорупциска бараше од мене да бидам заштитен сведок, да елиминираш 19 судии и обвинители на моја изјава!?
Те одбив затоа што за мене заштитен сведок е к**ва и лажен сведок.
Што имаше намера со мене и што ќе постигнеше со мене како лажен заштитен сведок?
Лично многу добро знаеш дека имаше гранатирање на моето бачило и дека по судски пат регуларно го добив тој судски спор. Ама ти и врхушката со тебе на власт дојдовте со лажни пропаганди за моето бачило, лажевте дека ќе се борите против корупција и подобар живот на граѓаните, а ти Михајло со твоите пријатели од врхушката направивте илјада БАЧИЛА.
Па те прашувам Михајло, ако си чист и чесен, зошто низ Македонија се шеташ со телохранители и службено возило? Те прашувам: зошто кога ти си бил министер за правда и окрузен суд на Македонија во комунизмот си немал телохранители платени од државата?
Јас Џемаили Иснифарис низ Македонија се шетам без телохранители, а обезбедување имам само кога одам кај моите овци. Моите бачилски кучиња тогаш се мое бесплатно обезбедување.
Користам прилика преку Буревесник да ги информирам сите граѓани дека во скоро време ќе експлодира „бомбата“ за злосторниците Михајло Маневски и неговиот најголем пријател Бекир Исени од село Боговиње.
Тој е екс претседател на судски совет на Македонија. Јавноста преку мене ќе дознае какво зло и нанеле овие двајца на Македонија и граѓаните… се вели во отовреното писмо на осудениот Иснифарис.
Либертас најавува дека приказната продолжува. Во меќувреме Маневски е спомнуван дека е еден меѓу многуте луѓе на власта кои користеле полициска заштита и обезбедување, кои новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски , на сите им го укина со образложение дека тоа не им следува, и е притвзаконски.. Како што објавија повеќе медиуми Маневски и покрај укинувањето на обезбедувањето веднаш поднел ново барање до МВР.
Тој за Утрински весник објаснува дека последната закана што ја добил и за која поднел пријава до МВР била во март 2015 година, по што била донесена одлука за лично полициско обезбедување.
„До каде е постапката и кога ќе одлучат за ова барање немам информации. Но, јас постојано добивам закани. Сум бил долги години министер за правда, јавен обвинител, член на Антикорупциската комисија – тоа се чувствителни функции“, вели во својата изјава Маневски.
Останува сега да се види како ќе се развиваат “пријателските врски“ со овчарот и министерот и што ќе излезе со новото продолжение, ако во меѓувреме не пристигне демант или појаснување дека ова било само клеветење за нерасчистени сметки меѓу овчарот и министерот.