Договорот од Пржино и фер и беспрекорни избори – ова се очекувањата од Македонија што ги имаат европратениците.
Токму тоа го потенцираше и известувачот за Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл, на вчерачната сесија на Комитетот за надворешни работи во Брисел на која беа присутни двајцата европратеници. Вајгл го презентираше својот нацрт извештај за Македонија, кој напролет, кога ќе биде изгласан од целиот Европски парламент и ќе стане резолуција.
Во иста функција на растење на дипломатското предупредување и притисок за елиминација на застојот на преговорите вчера се огласи и Американскиот амбасадор Џес Бејли. Тој изрази загриженост поради повторното пробивање на роковите предвидени со Договорот од Пржино.
– Загрижен сум поради пропуштениот рок за назначување на Државната изборна комисија (ДИК). Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“.
Сите сакаат свои експерти во ДИК
Бејли истакна дека ДИК треба да заврши многу работи до април и оти времето е кратко.
Европската унија исто така е загрижена заради застојот на спроведување на договорот од Пржино, изјави амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав на настанот на потпишување на заем на МЕПСО и ЕБОР за далновод меѓу Македонија и Албанија.
Според евроамбасадорот, приоритет на партиите треба да биде договор околу Државната изборна комисија, а потоа да се договараат законите кои ќе ја регулираат медиумската сфера.
-Европската унија е особено загрижена, бидејќи уште еден рок беше пропбиен, а не се избраа, односно не беа назначени тројцата независни експерти во ДИК. Потсетувам дека нема повеќе време за ова и ги поттикнувам партиите да го завршат ова како што треба. Исто така, би сакал да потсетам дека препораката од ЕК што ја доби вашата земја беше условена и зависи од имплементацијата на договорот од Пржино, изјави Орав.
Партиски извори за локално.мк информираат што партиите не попуштат до таму, што од 40 кандидати за позициите на тројцата експерти, за ниту еден не е постигната согласност од сите четири партии.

