Американските научници открија дека крушите штитат од дебелеење, а обожавателите многу поретко страдаат од дебелина, објави “Дејли мејл”.
Веројатноста луѓето кои јадат често круши, да се дебели, е со 35 проценти помала, бидејќи овие плодови се со многу влакна.
Тие се многу квалитетна храна, бидејќи содржат исто витамин Ц, магнезиум, бакар и калиум. Во една средно голема круша има речиси 24 проценти од препорачаната дневна количина на растителни влакна, а калориите се само 100.
Во плодот нема ниту масти ниту холестерол, ниту натриум. Затоа пак има 190 мг калиум. Обожавателите на крушите обично имаат помалку масти и додаден шеќер.