Економист: НАТО ја исфрли Русија од Балканот

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Кога НАТО ja покани Црна Гора да стане 29-тиот член на воениот сојуз на 2 декември, Русија остро реагираше. Тоа беше “отворен потег на конфронтација”, соопштија од руското МНР,и и се  закануваат на  Москва да “реагира на соодветен начин”, пишува списанието “Економист”.

4555196

Виктор Озеров, виш претставник на министерството, се закани дека Русија ќе ги прекине заедничките проекти со Црна Гора. “Црногорците се збунети”, рече Димитар Бечев, експерт по руско-балкански односи, според кој меѓу руската реторика и активностите има огромна разлика. Една деценија и половина по крајот на војната меѓу Србија и Косово, НАТО и Русија продолжуваат да се борат за влијание во Западен Балкан. Армијата на Црна Гора е мала, но нејзиното членство во НАТО значи дека една мала, но со значителен дел од јадранскиот брег е отстранет од шаховска табла.

Стратешкиот крајбрежен град Котор некогаш беше дом на југословенската флота и на австро-унгарската пред тоа. Албанија и Хрватска се приклучија кон НАТО во 2009 година Сега уште една празнина на картичката ќе биде исполнета. Во 2014 година, руските туристи претставуваат 30% од посетителите во Црна Гораним  не требаа виза. Русите имаат инвестирано многу тука и историски врски се на повеќе од 300 години. Но ништо од тоа не ја  обесхрабри црногорската влада да спроведе санкциите на ЕУ против Русија, иако Босна, Србија и Македонија не го направија. Пристапување кон НАТО ќе ја изнесе  Црна Гора од листата со четирите земји кои се уште не се членови на Алијансата

. Македонските амбиции беа блокирани поради 25-годишниот спор со Грција за името. Босна е во ќор-сокак од внатрешни поделби. Официјално Косово не располага со војска, но од 1999 година нејзината безбедност е загарантирана од војниците на НАТО. Останува Србија, каде за време на војната во Косово во 1999 година НАТО бомбардира во тек на 10 недели. Официјално Србија е воено неутрална. Српските војници одржаа заеднички вежби со руските војници во последните две години, а од медиумското покривање најверојатно мислите дека Србија е на еднакво растојание од Русија и НАТО. Иако влада се надева  дека луѓето ќе  веруваат токму во тоа, вистината е многу далеку. Минатиот јануари Србија потпиша договор за соработка со НАТО. Нејзините војници се обучуваат со националната гарда на Охајо од 2006 година Всушност Србија учествува во многу повеќе вежби со земјите од НАТО, отколку со Русија. Во таа смисла, вели воениот аналитичар Даниел Сантер, сега Србија е “многу близок партнер” на западниот сојуз. Што се однесува до трговијата, Русија е главен снабдувач на гас за регионот, но во сето останато ЕУ е доминантен трговски партнер. Руските планови за нови гасоводи во регионот се урнаа. Но присуството на Русија на Балканот се уште се чувствува. Финансирани од државата агенција, “Спутник” емитува радио и телевизија вести во Србија во конкуренција со западните пазари.

Што се однесува до Македонија, во мај руските власти се обидоа да се вплеткаат , па  посочија дека демонстрациите против македонската влада биле дел од планот на Западот.Русија тука само ја потврди својата немоќ, или посматрачка улога Во Црна Гора пак , самата влада во октомври ја обвини Русија дека стои зад овие демонстрации. Меѓу Србите и Црногорците, Русија останува само популарна, но многу далечна земја. Од 12 години руските војници  запреа со мировните мисии на Балканот. Во 2003 година повлекувањето се усвои како знак дека тие му го  оставаат регионот во западната сфера на влијание, рече Бечев. Сега тој смета дека балканските влади секогаш ќе маневрираат за најдобрите понуди, но во областа на безбедноста, тие секогаш ќе одлучат  за Западот “.