Русија самата ќе бира кои пресуди од ЕСЧП и одговараат, а кои не…

од desk3
91 прегледи

Владимир Путин дозволи на рускиот Уставен суд сам да се определува дали да ги земе предвид одлуките на меѓународните трибунали за човекови права. Рускиот претседател потпиша закон според кој националниот суд може да укинува одлуки на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), ако ги смета за неуставни.

путин

Според организацијата Human Rights Watch новиот нормативен акт ќе спречи граѓани, чиј човекови права се прекршени во Русија, да бараат правда преку меѓународни тела.

Во 2014 година, ЕСЧП пресуди Русија да плати 2 милијарди долари на акционерите во банкротираната нафтена компанија “Јукос”. Во истата година органот добил 218 жалби против Москва. Од нив има 122 докажани случаи, кај кои во земјата е нарушена Европската конвенција за правата на човекот. Вклучени се депортацијата на грузиски граѓани во 2006 година и практиката обвинетите во руските судови да седат зад решетки за време на процесите.

Конвенцијата е базна за Советот на Европа, орган на кој е ЕСЧП. Русија е член на организацијата и како таква ја прифаќа како конвенцијата така и ЕСЧП за пофолема инстанца, во однос на националното нејзино законодавство.

Рускиот парламент го одобри новиот закон минатата недела, а потписот на Путин го потпиша вчера.

Претседателот на Уставниот суд Валериј Зоркин рече дека Русија е отворена за дијалог во случај на несогласување. “Не гледам проблем тука. Мислам дека луѓето се загрижени за ништо “, рече Зоркин.

ЕСЧП е судската институција на Советот на Европа. Надлежноста на судот важи за сите земји-членки потписнички на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи од 1950 година, вклучувајќи ја и Русија.