Западните држави ја пречекаа со поздрави новата муслиманска коалиција на Саудиска Арабија против тероризмот, но конфузијата од нејзината улога, дури и меѓу нејзините членови, може да ги поткопа нејзините амбиции и идејата на Ријад да ги прекине меѓународните критики дека не прави доволно против џихадистичките групи, пишува ” Ројтерс “.
“Со нетрпение очекуваме да дознаеме нешто повеќе за тоа што Саудиска Арабија има предвид во однос на оваа коалиција”, рече во вторникот, министерот за одбрана на САД Ештон Картер, истакнувајќи ја несигурноста за тоа како ќе дејствува новата иницијатива на Ријад.
Коментарите од неколку од земјите, кои се приклучија кон иницијативата, откриваат недостатокот на подготовка од страна на Ријад, кој ги покани партнерите да се приклучат на координативниот центар, но потоа најави воен сојуз.
Тој збунет пристап може да ја поткопа целта, не само за создавање на ефективна група за борба против тероризмот, но и за смирување на западните стравувања дека муслиманските земји се рамнодушни кон заканата од “Исламска држава”.
Македонија против Хрватска и Бугарија во битката за престолот на ОН
Во последните недели медиумите и политичарите во западните земји се жалат на недостаток на емпатија на Саудиска Арабија кон напорите за уништување на “Исламска држава” или нејзините обидите да ја намали својата милитантна исламистичка идеологија.
Тие ја сметаат вахабистичката гранка на исламот во Саудиска Аабия како идеолошкиот извори на џихадизмот и ја критикуваат нејзината одлука за водењето војна во Јемен, наместо да распореди повеќе сили против џихадистите.
Ријад секогаш ги негираше ваквите обвинувања, наведувајќи дека стави во затвор поддржувачи на “Исламска држава”, ги употребува најдобрите духовници да ја омаловажуваат важноста на џихадистичките групи, учество во воздушните напади во Сирија и работа со САД за запирање на финансирањето на слични групи.
“Кралството на Саудиска Арабија беше предмет на критика во Европа и Франција, особено во однос на екстремизмот и” Исламска држава “, и мислам дека тоа се должи на непознавање на фактите”, изјави министерот за надворешни работи Адел ал-Џубејр во вторникот .
Дипломатите во Ријад изјавија дека Саудиска Арабија се фокусира на Јемен наместо Сирија делумно поради тоа што ја смета граѓанската војна таму како понепосредна закана за сопствената безбедност и делумно затоа што не се согласува со стратегијата против “Исламска држава”.
Конфузија
Кога принцот Мохамед бин Салман ја најави коалицијата на ненадејна прес-конференција во текот на ноќта, тој ја нарече “исламска воена коалиција” што изненади некои од инволвираните влади.
Армани Насир, портпарол на Министерството за надворешни работи на Индонезија, најнаселената муслиманска држава, изјави дека во последните денови Саудиска Арабија два пати ги поканува да се приклучат на “центарот за координација против екстремизмот и тероризмот”.
Сепак, “Саудиска Арабија најави воен сојуз, … Затоа е важно за Индонезија да ги разбереме прво деталите пред да решиме да го поддржиме”, рече тој. Џакарта се уште не одлучила дали да се приклучи кон групата.
Главниот министер на безбедносните Лухут Панџајтан рече подоцна: “Ние не сакаме да се приклучуваме кон воен сојуз.”
На состанокот во вторникот со новинарите, Џубејр рече дека во рамките на групата ќе може да се бара или нуди помош за борбата со групи, кои ги опишуваат како терористи.
Оваа помош може да вклучи воена сила, финансиска помош, техничка експертиза и ќе има постојана база во главниот град на Саудиска Арабија Ријад. Сепак, по деталната специфика на планот се уште е во процес на дискусија.
Некои од вклучените 34 земји се чини дека имаат различни сфаќања за тоа што всушност значи тоа, додека други тврдат дека не биле официјално известени.
Пакистанскиот сенатор Сехар Камран која е во комисијата за одбрана во Сенатот и живеел во Саудиска Арабија во текот на многу години, изјавил за “Ројтерс” дека никогаш не слушнал за идејата. “Тоа никогаш не било разговарано”, соопшти сенаторот.
Министерот за надворешни работи Ајзаз Чаудри, цитиран од локалните медиуми, вели дека бил изненаден кога видел во вестите за вклучувањето на Исламабад и дека се бараат информации од Ријад.
Улогата на религијата
Во Саудиска Арабија, предлогот беше брзо одобрен од Советот на високото свештенство, кој излезе со соопштение, повикувајќи ги сите други муслимански земји да се приклучат на коалицијата.
Според Џбејр коалицијата ќе има и посебен идеолошки оддел, а не само воен и разузнавачки.
Западните медиуми често го преувеличуваат степенот во кој вахабистичките учења личат на крајните позиции на “Исламска држава”, и не успеваат да ги одбележат војната на зборови и обвинувањата меѓу саудиските духовници и џихадичките проповедници.
Модерните џихадистички групи следат крајна интерпретација на салафитската гранка на исламот, кој величајќи го концептот за џихад, повикува на омраза кон неверниците и строги казни за верски злосторства.
Една движечка сила за поддршката на “Исламкса држава” е порастот на секташки гнев, кој многу се должи на “прокси” војните меѓу сунитска Саудиска Арабија и шиитски Иран.
Во овој контекст, отсуството од коалицијата на Иран и неговите сојузници Ирак и Сирија покажуваат дека можеби Ријад се надева на крајот да ја искористи својата муслиманска коалиција против тероризмот како сунитски блок, кој ќе го изолира Техеран.
Дали една таква цел ќе се дели од повеќето нови партнери на Ријад, од кои многумина имаат пријателски односи со Иран, се чини малку веројатно, коментира “Ројтерс”.
