Синдикатите откриваат дека во ССМ на Митревски имало јавни ама и тајни сметки

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Жестоки конфликти, обвинувања и затворање на расправата за јавноста ја одбележаа денешната седница на Советот на Сојузот на синдикати на Македонија. Сининдикати од сојузот  го обвинуваат претседателот на ССМ, Живко Митровски, за злоупотреби и ненаменско трошење на синдикалните пари.

7bf5a0c1-1093-406c-8518-5048f143919d-живко-митревски

Синдикатите од составот на ССМ, СМЕР , УПОЗ , Синдикатот на одбрана и СУТКОЗ, Синдикатот за финансии, Синдикатот за здравство и Синдикатот на ЕСМ, денеска на седница на Советот на ССМ побарале да се расправа за работењето на претседателот Живко Митревски ,извештај за формирањето на Едукативен центар на ССМ, и трошење на синдикалните пари.

Иако 33 членови на ССМ 18 гласале да биде прифатена точката за работењето на Митревски на дневен ред, тој не ја ставил на дневен ред, па така се очекува оваа точка за тоа како Митревски ги троши парите на синдикатите да биде ставена итно на првата следна седница. Тој најавува и дека ќе даде отчет иако сите седум гранкови синдикати се сомневаат во тоа како се трошеле нивните париод чланарина.

Точката за Едукативниот центар и трошењето од неговата жиро сметка е одложена до наредна седница на која што Митревски ветил дека ќе поднесе информација за плаќањата од  сметката. Сомнежот бил голем затоа што се утврдило дека имало една јавна и плус три дополнителни тајни сметки, на кои оделе сметки за репрезентации и кафеани, тврдат синдилаците. НА Митревски сепак му е дадено време да поднесе сметки и фактури за тоа дали имало незаконски трошења и расфрлања на синдикалните пари.