Стотици Бугари дневно доаѓаат во Македонија за да точат поевтино гориво

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Поради ниските цени на горивата во Македонија, Бугарите во пограничните региони често патуваат за да го наполнат резервоарот кај соседите, информираат бугарските медиуми.

Benzinska-pumpa.22.1.

Патот од Софија до Скопје е 240 километри, а при просечна потрошувачка на гориво за ова растојание се потребни 15 литри дизел. Ако наточиме на заминување од Софија, тоа ќе не чини околу 30 денари. Ако го купиме истото количество во Скопје – цената е 22 лева, пишуваат медиумите.

Колку повеќе дизел се точи во резервоарот, толку повеќе се заштедува. Ова го објаснува фактот зошто многу луѓе, особено во областите во близина на границата скокнуваат кон соседите во потрага по поволни цени. Луѓето од Ѓуешево и од Ќустендил многу често полнат бензин од бензинските пумпи во Крива Паланка и Куманово.

Најинтересно е дека на бензинските пумпи од истиот синџир од двете страни на границата цените значително се разликуваат. Литар дизел во Бугарија е нешто над 2 лева, а во Македонија – околу 1,50, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Прекуграничниот туризам за пополнување на резервоари обично не оди самостојно, туку тоа значи дека се пазарат и поевтини цигари и прехранбени производи. Некои експерти го објаснуваат овој феномен со акцизите. Во Бугарија даноците формираат околу 44 проценти од крајната цена на дизелот. За споредба – во Македонија стапката на акциза е едвај 16,5 отсто.