Најдобрата храна против стрес

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Живееме под постојан стрес. Тој влијае на нашата здравствена состојба и спречува голем број на функции на телото, а на тој начин трајно и методично нарушува важни процеси во организмот, како и работата на важни органи.556f9a70f833699ab905fff6d0281e46

Како можеме да се спротиставиме на стресот? Со редовни физички вежби, кои го намалуваат нивото на хормоните на стресот, како и со додавање на некои виодви храна, кои докажано се спротиставуваат на стресот и напнатоста. Кои се тие?

Соја
Организмот реагира на ниските нивоа на протеини во телото со што го зголемува нивото на хормоните на стресот. За да ги балансирате, треба да јадете редовно корисни протеини. Нив можете да ги најдете во сојата. Во неа се кријат уште корисните магнезиум, витамини од групата Б и калциум, кои ќе придонесат за општото подобрување на здравствената состојба.

Чоколадо
Чоколадото е можеби најантистресната храна меѓу сите. Тоа е вкусно и посакувано. Само помислата да каснеме чоколадо може значително да ги зголеми хормоните на среќата.
Во чоколадото се содржат важни флавоноиди, кои придонесуваат за општото смирување и подобрување на расположението.

Кафеав ориз
Тешко дека би се сетиле за кафеав ориз, кога ќе се бара да се поправи расположението. Но, тој ги има апсолутните квалитети за целта.
Кафеавиот ориз може да го подобри целокупното здравје. Тој делува моќно против стресот, бидејќи содржи големи количини на витамин Б, како и важни сложени јаглехидрати, важни за нормалното функционирање на клетките.
Најубавото на кафеавиот ориз е дека му ги дава на телото потребните шеќери без загрозување на шеќерот во крвта, бидејќи е со низок гликемичен индекс.

Сладок компир
Слатките компири се многу корисни кога станува збор за контролирање на нивото на стрес во организмот. Тие ја гасат жедта за нешто слатко, кога сме под влијание на стресот, а истовремено со тоа испорачуваат есенцијални бета-каротини на организмот, како и влакна, преку кои добиваме чувство на ситост.

Ореви и суво грозје
Оревите и сувото грозје се одлична замена за колачите. Тие даваат задоволство кога сакаме да каснеме десерт, но и го збогатуваат организмот со витамини од групата Б, витамин Е, омега-3 масни киселини, манган, бакар, триптофан – кои се исклучително важни во борбата со стресот и негативните последици за телото.

Аспарагус
Аспарагус веројатно е последното нешто што ќе ви се пријаде не само кога сте под влијание на стресот, но и генерално. Па, мора да се нагласи дека аспарагусот е многу богат со фолна киселина и влакна кои придонесуваат за отстранување на стресот од клетките. Вклучувајте почесто аспарагус во менито и не само што ќе го намалите стресот, но и килограмите!