Новогодишните празнувања во различните краеви на светот

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Огнометот, музиката, друштвото на нашите омилени луѓе најубавите патувања се дел од новогодишните празнувања на кои се сеќаваме на целата година. Секој агол на светот е специјален и неповторлив на полноќ, кога се дочекува новата година. Погледнете каде се едни од највпечатливите прослави.f01f5f99bb95d316c2a5da8d89034665

Лас Вегас
Градот на гревот дефинитивно знае како да ја пречекува новата година. Новогодишните забави во овој агол на светот се незаборавни. Голем дел од улиците на градот се затворени за движење во текот на ноќта, што овозможува на улиците на отворено да се забавуваат мирно до зори.

Мадрид
Шпанците имаат забавен ритуал за пречекот на новата година. На полноќ, откако сите ќе се поздрават, секој треба да изеде 12 гроздови зрна за да има во новата година среќа и богатство. Десетици илјади се собираат пред часовникот на Порто дел Сол плаза за годишниот ритуал и за да се радуваат на огномет.5a2397e26ab9058a4dfe1ae54705dbec

Токио
На Нова година во Токио, улиците и рестораните се преполни од локални жители и туристи кои јадат традиционално јадење со тестенини. Според јапонските традиции конзумирањето на тестенини во празничната ноќ, ќе донесе многу здравје и среќа во новата година. Во храмовите ѕвонат камбаните, а императорот ги отвора вратите на својот дворец за посетители.

Берлин
Секоја година жителите и гостите на Берлин ја пречекуваат новата година во близина на Бранденбуршката порта. Силвестер, како што го нарекуваат празникот во Германија, се слави спектакуларно, а на полноќ огнометот, изобилството од шампањ и музичките настапи во живо, ја поздравуваат новата година.

Рио де Жанеиро
За пречекот на новата година во Бразил има традиција луѓето да се облекуваат во бело. Локалните жители го слават на плажата Копакабана, како и на другите убави бразилски плажи. На полноќ во океанот се фрлаат цвеќиња во чест на божицата на морето Yemanjá. Потоа улиците, баровите и рестораните се исполнуваат со танцување и музика.
cd027041d64967c2ab9285d73aa2dd0d
Њујорк
Тајмс Сквер во Њујорк, кој е фокусна точка на Бродвеј и Седмата авенија, собира секоја година околу 1 милион жители и гости на градот. Плоштадот во Менхетен е познат по своите големи блескави рекламни паноа кои на полноќ испишуваат поздрав по повод нова година. Огномет, конфети, шампањ. Една 100-годишна традиција, која се гледа на телевизија од милиони луѓе.

Лондон
Милиони желни лондончани се собираат на брегот на реката Темза и Трафалгар сквер, во очекување над градот да го видат едни од најубавите огномети. На полноќ Биг Бен одбројува 12 удари, а потоа сите погледи им се приковани кон Окото на Лондон, кое треба да приреди незаборавно светлосно шоу.

Париз
Градот на љубовта на Нова година се претвора во град на огнометот. Стотици илјади чекаат на Шанзелизе со шампањ во рака. Ајфеловата кула е осветлена целата во раскош. Една магија и едно од најзначајните пречеци можат да се видат во француската престолнина. На жалост годинава како последица на терористичките напади прославата и познатиот огномет нема да се одржат.