Турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој претендира за уставни промени со повеќе претседателски овластувања, ја посочи во своето интервју Хитлерова Германија како пример за ефективен претседателски систем, објави Ројтерс. Досега тој ги посочуваше примерите на земји со претседателски системи како САД, Франција или Русија.
Папата кон медиумите: Не дозволувајте ароганцијата и злото да прикријат добрината
При неговото враќање од посетата на Саудиска Арабија доцна во четвртокот Ердоган беше запрашан дали зајакнување на претседателската институција со извршни овластувања е можно при зачувување на единствената структура во државата. Тој одговори: Веќе има примери во светот. Можете да видите еден од нив, ако ја погледнете Хитлерова Германија. Има и подоцнежни примери во различни други држави.
