Анкара се вади : Коментарот на Ердоган за Хитлер е погрешно интерпретиран

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Канцеларијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа соопшти дека неговите коментари за претседателскиот систем во Германија во време на Адолф Хитлер се погрешно интерпретирани.ердо мисла

Во соопштението се наведува дека Ердоган не сакал да каже дека хитлеровиот претседателски систем е ефикасен.

Ердоган, вчера по враќањето од Саудиска Арабија, одговарајќи на новинарско прашање дали претседателскиот систем е можен со истовремено одржување на унитарната структура на државата, тој изјави:

Кремљ го загриза Ердоган за “ефикасноста на Хитлерова Германија”

– Веќе постојат примери за тоа во светот. Тоа можете да го видите и на примерот на хитлерова Германија. И потоа имало примери во многу други земји, истакна Ердоган.

Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) по победата на парламентарните избори во ноември најмногу внимание посвети на уставните промени. Опозициските партии се согласуваат со потребата за промена на Уставот, кој е во сила по воениот удар од 1980 година, но не поддржуваат воведување на претседателски систем, стравувајќи дека тоа би било премногу моќ во рацете на еден авторитарен лидер