Зборовите на восхит за лидерот на нацистичка Германија Адолф Хитлер ги откри вистинските намери на турскиот претседател, смета Џон Тјурс, професор по политички науки на колеџот “Лагранж” и колумнист за весникот Huffington Post.Одговарајќи на новинарско прашање дали може да биде воведена во Турција претседателска форма на управување при чување на унитарността на државата Реџеп Ердоган одговорил позитивно, земајќи ја за пример Германија од времето на нацизмот.
Пред тоа, турскиот претседател изјави дека властите можат да одржат референдум за новиот устав на земјата и транзиција кон претседателскиот систем за управување. Опозициските партии се изјаснуваат против, обвинувајќи го Ердоган во стремеж кон авторитарност.
Коментирајќи ја изјавата на турските власти дека зборовите на претседателот се протолкувани неправилно, политикологот изразува мислење дека во “хитлеровата земја на Ердоган” е криминал да се претпостави дека претседателот на Турција се восхитува на лидерот на нацистичка Германија.
“Иронично, вие може дури да одите во затвор за изјава дека Ердоган е авторитарна личност” – смета Џон Тјурс.
За 2016-та и кризата: Потиснување од Путин, гасни конкуренти и воена закана од Иран
Историските факти и современата состојба во светот не одговараат целосно на описот од Реџеп Ердоган, пишува Мехмед Јилмаз во публикација за турското издание Hurriyet.
Јилмаз обрнува внимание дека Хитлер никогаш не бил германски претседател. Во 1934 година, по смртта на претседателот Хинденбург, во Германија е донесен закон за обединување на позициите и функциите на канцеларот и претседателот, а последната позицијата воопшто е искоренета. Како канцелар Хитлер ги прифатил ингеренциите на канцелар и врховен командант на вооружените сили.
Ердоган не е во право, кога ја објаснува потребата од претседателскиот систем, пишува Јилмаз. Тој забележува дека од 28 земји во ЕУ само грчкиот Кипар е со претседателска власт, а Франција е со полупретседателска.
Во земјите од G20 претседателска форма на управување имаат само 7 земји: Аргентина, Бразил, Мексико, Јужна Кореја, САД, Индонезија и Јужна Африка.
“Покрај Јужна Кореја и САД, ниту една земја со претседателска власт не е особено развиена. Токму затоа ги нарекуваат земји во развој “- резимира Јилмаз.
