Утринското кафе може да ви направи “сало”

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Според едно истражување на американски нутриционисти , со едно кафе во просек се внесуваат и до 108 калории повеќе.  Истражувањето било спроведено врз 22.000 испитаници, а најголем дел од испрашаните кажале дека тешко можат да ја откажат оваа навика.

kafe2

 

Врз витата линија лошо влијание има и алкохолот, затоа што по чашка алкохол организмот има потреба за уште 384 дополнителни калории, додека кај соковите зголемениот внес на храна сведен е на околу 226 калории на ден.

Истражувачите дошле до сознание дека  и пиењето чај не е секогаш целосно безопасно, затоа што со овој пијалак се внесуваат и 64 дополнителни калории.

Најважно од се е физичката активност и внимавање, особено на комбинациите кои намирници, оброци со каков пијалок се комбинираат.