Американец, Србин и Германци во толпата силувачи- бегалци во Келн

од Vladimir Zorba
137 прегледи

 

18 лица од 32-та, кои беа препознаени како учесници во нападите во Келн во ноќта на Нова година, се со статус на азиланти. Меѓу осомничените има 9 Алжирци, 8 Мароканци, 5 Иранци, 4 Сиријци, двајца Германци и еден од Ирак, Србија и САД. Ова го соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Германија Тобиас Плате, цитиран од Си-Ен-Ен.

ger

Тим од 80 луѓе ги  прегледал снимките на 250 безбедносни камери, за да бидат препознаени мажите кои во ноќта наспроти 1 јануари нападнале  сексуално десетици жени,  и извршија бројни кражби и создадоа хаос пред Колнската катедрала фрлајќи огномет и петарди во празничната толпа. Според зборовите на една од жртвите, полицајците во градот биле премалку за да ја совладаат ситуацијата. “Ние имаваме малку  полиција, и увидовме дека таму сме во премногу намален состав.Тие не можеа да се грижат за нас и ние како жени плативме цената “, раскажува таа.

И финските жени пропиштеа за сексуални напади за Нова година

Според” Шпигел онлајн “, група млади мажи намерно јги  спречиле полицајците да одговорат на луѓето, кои врескале за помош. Жалбите во полицијата за сексуална злоупотреба во новогодишната ноќ се веќе 120. Уште 50 има за кражби и други кривични дела. Во други германски градови се исто така регистрирани претставки од слични злосторства. Најмногу се во Хамбург – 50. Жалби пристигнаа и од други европски градови. Во Калмар, Шведска, властите уапсија двајца бегалци осомничени за 11 сексуални напади. Таму се бараат меѓу 10 и 15 лица кои опколиле група жени и ги пипкале . Во Салцбург се приведени двајца, кои нападнале жени исто по Нова Година. Во Стариот град пак 23-годишен Сириец истрелал огномет по 17-годишна студентка, која добила повреди во стомачната област. Непосредно пред тоа истиот имигрант нападнал сексуално 20-годишна девојка во друг дел на градот. На 1 јануари 28-годишен Авганистанец посегнал на 58-годишна жена. Во Цирих 6 жени се пожалија дека додека “од едната страна ги ограбиле, од другата ги испофакале “. Нападот бил извршен од група мажи “со темна кожа”. И во Хелсинки  се испитуваат  злосторства извршени во текот на ноќта на Нова година, за кои се смета дека се извршени од бегалци. За случаите во Хелсинки и Цирих се расчу дури откако беше откриена информациите за погромот во Келн и пукна  скандалот со обидот тој да биде замаскиран .