Работник загина при несреќа во рудник во Србија

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Еден 30-годишен работник загина денеска за време на изведување на работи на високонапонски кабел на копот на рудникот Колубара, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Kakanj-nesreca-rudnik-620x350

Како што јави Танјуг, инцидентот се случил утрово во 4:45 часот во близна на населеното место Јунковац.

Работникот се здобил со сериозни изгореници при стурен удар, по што набрзо по примеот во болницата во Лазаревац им подлегнал на здобиените повреди.