Девет од жртвите во Истанбул се германски туристи

од Vladimir Zorba
97 прегледи

 

Девет од десетте жртви на експлозијата, која денеска избувна на централниот плоштад во Истанбул, се државјани на Германија. Ова го соопшти весникот Radikal, повикувајќи се на информации, потврдена во текот на прес-конференција.

турќ

Во меѓувреме, претставникот на Министерството за надворешни работи на Германија, изјави дека се уште е рано да се зборува за настрадани Германци како резултат на експлозијата во Истанбул. “Генералниот конзулат во Истанбул вложува значителни напори во истрагата и работи во близок контакт со турските власти. Сега е премногу рано да се зборува дека има настрадани германски граѓани “, додаваат од таму. Претходно беше соопштено дека турскиот премиер Ахмет Давутоглу е информиран за експлозијата. Во неговата резиденција пристигна министерот за внатрешни работи на земјата. Се очекува во најскоро време Давутоглу да даде изјава во врска со крвавиот инцидент. Според информациите на CNN Turk нивото на терористичка закана во Анка е зголемено.c245e5b8-ea1c-4b83-b483-a90dc77dc338_w640_r1_s_cx0_cy5_cw0

Детонацијата, за која дел од турските медиуми тврдат дека била предизвикана од жена бомбаш-самоубиец, се случила околу 10 часот по локално време во населбата Султанахмет,  во близина на сината џамија.

(ВИДЕО) Жртви при терористички напад во туристичкиот центар на Истанбул

Набргу по експлозијата, на местото каде се случила детонацијата, пристигнале голем број амбулантни и полициски возила, кои го блокирале приодот.

Најмалку 15 луѓе биле повредени во експлозијата, потврди канцеларијата на гувернерот на Истанбул, во соопштениеото објавено на интернет.

Иако засега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата, Истанбул минатите месеци беше на мета на повеќе спорадични напади на радикалните левичарски групи , додека во југоисточна Турција драматично ескалираше и насилството меѓу турската војска и курдските милитанти, откако пропадна последниот договор за прекин на огнот.

Турција исто така беше на мета на бомбашки напади за кои обвинителите одговорноста ја лоцираа кај џихадистичката Исламска држава.

Во два самоубиствени напади во главниот град на државата, Анкара, минатиот октомври беа убиени повеќе од 100 луѓе, додека во детонацијата во близината на границата со Сирија во јули, животот го загубиле повеќе од 30 луѓе.