Кои се интересите на Русија на исток

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Москва е постојано активна во азиско-пацифичкиот регион, каде се одвива судир меѓу САД и Кина

Во минатата недела меѓународната безбедност беше ставена на испит од тестирањата на хидрогенската бомба во Северна Кореја и конфликтот меѓу Иран и Саудиска Арабија.Не беше јасно дали Северна Кореја всушност  извршила тест  и ако да, какви се нејзините карактеристики.

pita

Во истиот ред на мисли провокативното однесување на Кралството Саудиска Арабија веројатно е само демонстрација на подготвеност за судир. Сепак Русија не може да ги игнорира ризиците поврзани со двете настани.

Билансот на силите на Блискиот Исток

Официјално Кремљ зазеде неутрална позиција и ги  повика Саудиска Арабија и Иран да манифестираат воздржаност и да влезат во преговори. По се изгледа сепак, дека идниот модел на однесување уште не е конечна изработен и дури регионалните играчи се уште не се подготвени да ја  одобрат внатрешната дилема. За Москва Иран без сомнение се јавува како главен партнер во Блискиот Исток.Двете земји заедно војуваат против терористите во Ирак и Сирија. Нешто повеќе – колку тероризмот претставува егзистенцијална опасност за двете страни, антитерористичката  соработка е можно и на другите театри, како Авганистан и Таџикистан. Од друга страна, Кралството Саудиска Арабија и се спротивстави на Русија во Сирија и е еден од главните спонзори на меѓународниот тероризам. Истовремено Ријад ја поддржува политиката на ниски цени на нафтата, која образува дупка во рускиот буџет. Истовремено трезвена анализа на ситуацијата наметнува Москва да заземе неутрална позиција. Директно учество на Русија во конфликтот во земјата на Иран би усложнило сериозно односите на Москва со другите арапски земји, најмногу со Египет, кој претпочита да не се солидаризира со позицијата на Саудиска Арабија и не ги прекина дипломатските односи со Иран.

На второ место , Техеран нема потреба од руската помош во конфликтот со Саудиска Арабија, бидејќи ако во регионот продолжат сегашните трендови, Ријад ќе ја загуби војната на исцрпеност. Трето, Москва не е заинтересирана за остар и брз крах на Саудиска Арабија, кој би донел напори за  позициите на Иран. Кремљ има потреба од рамнотежа на силите во регионот. Неутралната позиција сепак не значи игнорирање на конфликтот. Изгледа до врвот на скалата  конфликт меѓу двете регионални сили во најблиската време  и нема да дојде. Агресивните акти на Кралството Саудиска Арабија не треба да се гледаат како вовед во војна, туку како активности насочени кон формирање на широка антииранска коалиција во регионот.

Нуклеарните проби во Северна Кореја

Пјонгјанг соопшти уште дека  нуклеарна проба, овој пат на хидрогенската  бомба, што според официјалната декларација  го прикажува воениот потенцијал на земјата “на едно ново ниво”.Светот, изгледа, не беше уплашен  и повеќето дипломатски централи  го нарекоа корејското искуство  како провокација. Некои дури се заканија со нови санкции.Мерките веќе се дискутираат во Советот за безбедност на ОН, како и на билатерално ниво (меѓу САД и Јужна Кореја на пример). Санкционата политика обично не доведува до брзи и предвидени  резултати. Во случајот со Северна Кореја таа доведува до заострување на позициите: Ким Џонг Ун е принуден да прави протесети на  агресијата со агресија, за да го зачува својот авторитет. Делумно ефикасно влијание на Северна Кореја може да има само координирани напори на Русија, Кина, Јужна Кореја, Јапонија и САД, кои не му  даваат на Пјонгјанг можност за маневри. Сепак, овој пристап е малку веројатен , бидејќи Пекинг нема интерес од понатамошна радикализација ниту од уривање на севернокорејскиот режим, кој се наоѓа на границата со Кина. Русија исто така не е подготвена да се приклучи кон цврста антикорејска резолуција. Во Кремљ сфаќаат дека единствената шанса за решение на корејскиот нуклеарен проблем е постепената еволуција на режимот во Пјонгјанг преку реформи и трансформацијата на Северна Кореја од диктатура во авторитарна држава, како и излегувањето на земјата од меѓнародна изолација. Процесот нема да заврши наскоро, што укажува дека ќе мора да коегзистираат уште некое време со нуклеарен Пјонгјанг.

Интересите на Русија на Исток

Русија е постојано активна во азиско-пацифичкиот регион, во кој веќе се одвива судир меѓу САД и Кина. На 8 јануари во Индонезија во посета пристигна министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров. Преговорите вклучуваат проекти за железничка изградба, екстракција на минерали. Во менито се исто цивилната авијација, металургијата, бродоградбата, атомската енергија, како и продажба на системи на оружје. Во текот на посетата на рускиот министер истакна дека Евроазиски економски унија и Индонезија можат да започнат преговори за создавање на зона на слободна трговија. Индонезија и сега има занемарувачки можности за извоз во Русија на намирници предвидени со  санкционата војна на Европа со Русија. Од своја страна Русија е подготвена да извезува хај продукција и услуги. Двете страни веќе потпишаа меморандум за соработка во изградбата на моќна нуклеарка, како и во другите сфери на атомската енергија.Руската “кривина на Исток” се одвива бавно и се уште не ги реализира целите кои  го очекуваа набљудувачите, но кривината е во тек. Неговиот хоризонт е односите на Русија со Западот да бидат споредливи по волумен со нејзините односи  со Истокот.

  Извор: “Руски дневник”