Досегашниот уредник на информативната програма во МТВ Горан Петрески е нов главен и одговорен уредник во дневниот весник „Вест“. Утринава во јавниот сервис Горан Петрески на колегиумот соопштил дека заминува од телевизијата, односно ја напушта функцијата уредник на вестите на МТВ.
Малку подоцна, Горан Петрески им бил претставен од менаџментот на вработените во весникот „Вест“ како нов уредник на местото на досегашниот, Горан Михајловски.
Заев гостин во Канал 5: Се однесувате како поголем политички непријател од ВМРО-ДПМНЕ
Минатиот месец истече договорот на Горан Михајловски, основач на „Вест“ и негов уредник од основањето. МПМ одлучи да не го продолжи неговиот договор. Сите уредници од „Вест“ конкурираа за оваа позиција, но менаџментот се одлучи за Петрески.
Но кадровските смени во МПМ кои е се сопственик на Днвеник, Вест, Утрински и Теа модерна не завршуваат тука. Уредничката на “Утрински весник” Соња Крамарска денеска исто така добила известување од менаџментот на Македонија Медиа Принт (МПМ) дека е сменета од позицијата главен и одговорен уредник и дека ќе биде прераспределена. Како што дознаваме, сменета е исто така Бранка Доневска – Најдовска која досега беше главен и одговорен уредник на “Теа модерна”, а како што се дознава на нејзино место Лилјана Грџо Дамовска
