САД се плашат дека разнишанaта Европа веќе нема да ги поддржува

од desk3
92 прегледи

Настаните во Келн покажаа дека Германија не се справи со миграциската криза, таа е преоптоварена и ослабена. САД се плашат дека веќе нема да може да сметаат на неа како на целосен партнер, смета директорот на Институтот за современи германски студии во Вашингтон Џексон Џејнс, цитиран од РИА Новости.

download (3)

Во стручните кругови на САД гледаат дека канцеларката Ангела Меркел очигледно ги прецени своите сили за миграциската криза и нејзиното напрегање се одразува на целата германска политика, забележува политикологот.

Сега Американците сфаќаат дека несреќата со бегалците ќе се одолговлекува долго, и стравуваат дека бидејќи ЕУ не е во состојба да се справи со преполните проблеми, нејзиното единство наскоро ќе се покаже под прашање, смета аналитичарот. Во таков случај Европа ќе престане да биде обрзан партнер кој секогаш бил подготвен да ги поддржува САД во различни прашања на меѓународната арена.

“САД навистина имаат потреба од Европа – нагласува Џејнс.

– Да го земеме за пример конфликтот во Украина – ќе ги продолжи ли Западот санкциите во јуни? Ќе се согласи на тоа Европа? Или во тоа време веќе ќе се распадне под притисок на миграциската криза?”

Како што забележува аналитичарот, американската јавност и медиумите покажуваат огромен интерес за настаните во Келн. Дел од нив се убедени дека катастрофалните последици со кои се соочува Германија, беа целосно предвидливи – наивно е да се верува дека неограничен проток мигранти нема да создаде проблем. Многу Американци се на мислење дека Европа треба да ги заостри политиката кон бегалците, забележува политикологот.