
Железничката станица во Велес доби нов телефонски број 075 281- 972, ама никој не одговара. Иако неколку месеци беше најавувана оваа промена, како долгоочекувано враќање на градската железничка станица во цивилизацијата и враќање во светот полн со информации, сепак прашање е колку вработените ќе умеат да се снајдат со новата “технологија”.
Според информациите кои ги добивме од нивните колеги од останатите железнички станици во Велес, на овој број би требало да има некој кој 24 часа ќе одговара на повиците бидејќи возни линии има и во текот на ноќта, како и преку ден.
Околу 21 часот вечерва пробавме да го “сефтосаме” овој број и да добиеме неколку информации со ноќните линии, но никој не ни одговори на нашите повици.
На 9 април 1873-та година е пуштена во собраќај железничката линија Солун-Велес
Велес е првиот град во Македонија кој уште пред 143 години се поврзува со соседството преку железничките линии.
На 9 април 1873 год. е пуштена во сообраќај железничката линија Солун – Велес, во тоа време најмодерно сообраќајно средство и се остварил првиот железнички контакт помеѓу овие два града. За кратко време е изградена и втората секција до Скопје, каде првиот воз е свечено пристигнат на 9 август 1873 година, а со тоа е комплетирана целокупната железничка инфраструктура која поминува низ нашата територија.

Карта од 1926 година кога железничката станица Велес почнува да се развива во железнички јазол ФОТО (мк.железници)
По првата светска војна се наложи потреба за реконструкција на главните железнички артерии, а посебно на железничките линии коишто имаа меѓународни врски. Исто така требаше да се обноват и станичните згради кои биле разрушени во војната.