Рампа: Австрија го суспендира дејството на Шенген договорот

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Фајман истакнува дека дејството на Шенген договорот привремено се прекинува.граница  австр

Австрија воведува сеприсутна контрола на границата, и строго ќе ги контролира мигрантите и ќе ги враќа оние кои немаат право на азил. Тоа го вели австрискиот канцелар Вернер Фејман во интервју  за весникот  “Јуостерајх”. Фајман истакнува дека дејството на Шенген договор привремено се прекинува. Како и  Германија, ние напорно ќе ја контролираме нашата граница и ќе враќаме бегалци, вели тој. Секој кој доаѓа кај нас, мора да биде подложен на напорна проверка. На оние кои немаат право да добијат статус на бегалци или воопшто не поднесуваат барање за добивање на азил, ќе им  биде одбиен пристап до земјата. Ако ЕУ не успее да ги  заштити надворешните граници, ќе биде ставена  под прашање иднината на Шенген договорот, смета канцеларката на Австрија.