Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг

од desk3
83 прегледи

Kosovo-EU

Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг, откако остана без поддршката на САД, како и Франција, Германија, Италија и Велика Британија, што во Приштина се толкува како прва изгубена дипломатска битка годинава, пишува денеска „Коха диторе“.

Нова Партија на Македонците во Србија

Овој неуспех доаѓа само два месеца по неуспехот да се зачлени во УНЕСКО, откако не успеа да ја обезбеди поддршката од сите земји кои ја признаа независноста на Косово, пренесува Танјуг.

Барањето за членство во Меѓународниот арбитражен суд Косово го предаде на свеченост во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а го потпиша вицепремиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи./МИА