Меѓународната организација за миграција денеска најави дека од почетокот на јануари во Грција по море пристигнале 21 пати повеќе емигранти во споредба со целиот јануари минатата година.
Од почетокот на 2016 година до Грција дошле 31 244 лица, додека во јануари 2015 година грчката крајбрежна стража регистрираше 1 472 новодојдени.
Околу 50% од пристигнатите се сириски бегалци, по број следат Авганистанците, Ирачаните и Иранците, како и жителите на земјите од Северна Африка.
Бројот на жртвите е исто така поголем. Вкупно 95 лица загинаа, патувајќи кон грчките брегови.
Министрите за внатрешни работи на земјите на Вишеградската група (В4) пак, денеска во Прага со заеднички Меморандум ги отфрлија задолжителните квоти за прераспределување на бегалци во земјите на ЕУ, јави дописникот на МИА.
Во борбата против нелегалната миграција, според Чешка, Словачка, Полска и Унгарија приоритет е исполнувањето на обврската да започне на функцијата на прифатните центри за бегалци т.н ,,хот спотови” поставени на надворешните граници на ЕУ.
(ВИДЕО) Заев: Оваа патологија наметната од Груевски и Ахмети е насилство врз независната ДИК
– Земјите на В4 и натаму одбиваат задолжителни квоти за релокација на бегалците, рече чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец, информирајќи дека на предлог на полскиот колега Мариуш Блашчак тоа го вметнале во денешниот Меморандум.
Хованец, додаде дека ,,четворката” е едногласна дека нелегалната миграција може да се запре само со постојана заштита на надворешните граници и затоа се потребни ,,хот спот- центрите”.
– Да се војува против нелегалната миграција без да постојат детекциски центри не е можно, оцени словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калињак.
Според него, прифатилиштата ќе ги спречат случаите кога бегалците се регистрираат на разни места под различни идентитети или пак воопшто не се регистрираат.
Земјите на В4 поддржуваат и создавање на заедничка европска гранична стража.
Унгарија на состанокот беше застапувана од амбасадорот на земјата во Чешка, Тибор Пеќо
и.
