Изгледот е многу важен за создавањето на првиот впечаток. Исто како што дамите забележуваат некои гревови во изгледот на посилниот пол – како валкани нокти, непеглана кошула, бушави веѓи и недостатокот на дезодоранс и парфем, така и претставниците на посилниот пол може да бидат брзо одбиени од една жена по само еден поглед. Каде грешат понежните половинки?
Тони шминка
Шминката е создадена да ги нагласува предностите на една жена, а не да и создава целосно ново лице. Никој не би бакнал девојка, чиј фон де тен стои како маска, а очите изгледаат црни како на зомби.
Карневалски трепки
Вештачките трепки се доста напредни, но тие стојат далеку подобро, ако личат на природните.
Многу жени сепак се луди по тип “карневалски” трепки, кои се огромни и стојат вештачки и застрашувачки. Ова е сериозна грешка, особено при дневна средба. Навечер, може да си дозволи подолги и нетрадиционални трепки за ноќна забава, под услов да не е премногу софистицирана.
Испукана или сува кожа
За жал, не сите сме родени со совршена кожа, но нејзината состојба може да се подобри или дури и камуфлира со куп производи. Прилично одвратна е сувата, испукана кожа која е груба на допир и дури видливо се лупи. За да избегнете такво нешто, никогаш не заборавајте на хидратантниот крем, особено во студените месеци.
Ако пак кожата ви е мрсна и подложна на акни изберете производи кои го отстрануваат вишокот на себум и чистат лицето без да ги затвораат порите. И во двете ситуации не заборавајте на фон де тенот, кој е добро да биде со полесна, но покривна текстура.
Коса како перика
Најлесно се постигнува волумен со тапирање во корените, со лак или т. н. “сарми”.Фала му на Бога ерата на огромните коси со тони лак и бескрајни форми одмина, па разбирливо е зошто тој ќе биде фрапиран, ако не го гледа лицето од огромната коса, под која спокојно може да се скрие една средно голема мачка.
Светло заситен кармин со сјај
Да го гледаш е убаво, но тешко дека би ве бакнал, бидејќи устата ви изгледа леплива и ќе го направи неговото лице како чинија со мармалад. Ако сакате да добиете бакнежи на средбата, подобро обложете се на сјај или кармин во природни бои со мала нијанса.
Жолти заби
Исто како кожата и убавите заби не се нешто што човек може да си го нарача со раѓањето. И сепак има некои трикови кои можат да ви помогнат да ги задржите бели и чисти. Може да користите домашни средства за белење или пак да се подложите на оваа постапка кај стоматологот. Ако поради некоја причина ја немате оваа можност (финансиска или здравствена), барем не ја потенцирајте жолтеникавата боја со темно црвена.