Ван Хауте: Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Немам чувство дека партиите сакаат понатаму заедно да работат и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите, изјави белгискиот олеснувач во преговорите околу Договорот од Пржино, Питер Ван Хауте, пред денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници, која започна околу 18 часот, пренесе Телма.

ванхауте

Како главна причина за ваквата состојба, Ванхауте го посочи датумот на изборите, односно „унилатералната одлука“ да се оди на предвремени избори на 24 април.

– Денеска ќе разговараме за напредокот што можеме да го постигнеме наредните денови за прашањата околу методологијата со која Државната изборна комисија ќе може да го прочисти Избирачкиот список и да ги провери гласачите. Второ, ќе почнеме да разговараме за прашањата кои се однесуваат на медиумите. Главна пречка е унилатералната одлука да се оди на избори, а како резултат на тоа целосно се изгуби довербата во процесот. Немам чуство дека партии сакаат понатаму заедно да работата и да се обидуваат заеднички да ги постигнат целите. Тоа е главната пречка со која се соочуваме во моментов – изјави Ван Хауте.