Воените ветерани во Србија соопштија дека за прв пат на парламентарни избори ќе излезат организирано, самостојно, како група граѓани, а носител на нивната листа ќе биде пензионираниот полициски генерал Братислав Дикиќ.
– Воените ветерани имаат единствена прилика да се изборат за она што досегашните власти и сите политички партии им го ускратуваа, пишува во соопштението.
Генерал Дикиќ(45) е помошник на директорот на полицијата и поранешен командант на Жандармеријата, кој неодамно поднесе барање за пензионирање поради болест. Тој по нападот во медиумите вели дека е неправедно и незаконито сместн на позицијата командант Жандрмеријата и на увидот на јавноста ставил потврда од судот и обвинителството дека против него не се водела, ниту се води некаква постапка.