Хрватска доби нова влада, со 83 гласа “за” бизнисменот Орешковиќ стана нов премиер

од desk4
87 прегледи

По целодневната расправа, Хрватска доцна вечерва доби нова, тринаесетта влада. Парламентот со мнозинство гласови му ја даде довербата на мандатарот Тихмир Орешковиќ .

– Ако можам да помогнам на хрватскиот народ, овде сум , не одам никаде, порача новиот Премиер на Хрватска, Тихомир Орешковиќ.

vlada2-220116_1004195S1

Новата Влада ја поддржаа 83 пратеници, а имаше 61 против и 5 воздржани. Новите членови положија заклетва дека  чесно ќе ја вршат својата должност.

По гласаањето премиерот и новите министри положија заклетва.

Непосредно пред  гласањето од поддршка за владата се откажа креаторот на економската програма на Мост, пратеникот Иван Ловриновиќ кој изјави дека програмата на Мост е преправена до непрепознатливост и дека се чувствува изигран.

Главната цел на оваа Влада е подобрувањето на економските и општествените состојби во државата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, најави Орешковиќ.

Тој вели  дека ќе настојува Хрватска во следните четири години да се трансформира во три подрачја: економски раст, конкурентност и квалитетен живот.  Ветува дека ќе обезбеди годишен раст на БДП за повеќе од 3 отсто и намалување на јавниот долг на помалку од 80% од БДП  до 2020-та година,  ќе го намали дефицитот на помалку од 3%  за една година. Се надева на зголемен извоз за 30% и намалување на невработеноста за под 14%.

Орешковиќ се надева дека ќе го зголеми БДП по глава на жител за 2000 евра.