ЕУ : Запечатување на македонската граница за Грција да ги заштити надворешните граници на ЕУ

од desk3
107 прегледи

 

Лидерите на ЕУ разгледуваат “драстичен план за запирање на миграцискиот бран низ Балканот” и целосна блокада на македонската граница со Грција. Овој план има за цел да ги натера грчките власти итно да ги заштитат надворешните граници на ЕУ. Ова го пишува во денешниот број весникот “Фајненшл тајмс”.

migranti-granica3

Во понеделникот тој план може да биде разгледан од министрите за внатрешни работи на Унијата.

Европската комисија и пред сè Германија се заинтересирани да го поддржат предлогот на Словенија за суштинско превртување на ситуацијата и да се помогне на властите во Скопје да ја затворат границата со Грција со цел запирање на неконтролираниот поток од мигранти.

Словенечкиот предлог предвидува за период од 2 години да биде прекинат Шенгенскиот договор во случај “на трајно сериозна нефункционалност”.

Слобода за Велија Рамковски

Во средата амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Брисел разменија мислења за ова прашање и ја подготвија агендата на министрите за внатрешни работи, кои ќе заседаваат во Амстердам. Главната тема на средбата е миграцискиот прилив .

Се појавија во медиумите информации кои ги потврдува вестите од Љубљана дека унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на посетата во Словенија го поддржал својот колега Миро Церар и неговиот план.

Macedonian army  sodiers build a border fence to prevent illegal crossings by migrants, along the Greek-Macedonian border near Gevgelija on November 28, 2015. Since last week, Macedonia has restricted passage to northern Europe to only Syrians, Iraqis and Afghans who are considered war refugees. All other nationalities are deemed economic migrants and told to turn back. Over 1,500 people are stuck on the border, mostly Indian, Moroccan, Bangladeshi and Pakistani.AFP PHOTO / ROBERT ATANASOVSKI / AFP / ROBERT ATANASOVSKI

Истиот е испратен до владините и државни глави на земјите од Западен Балкан и ЕУ. Во него се предвидува да биде испратена директна помош на владата во Скопје и да се издејствува значително подобрување на мониторингот на границата со Грција со цел запирање на илегалниот миграциски поток.

Целта на мерките според Церар, е во рок од неколку дена да се намали миграцискиоѕ поток од Западен Балкан. Словенечкиот премиер смета дека овие мерки за запирање на мигрантите треба да им помогне на земјите од Западниот пат кои не се во можност да се справат со нив.

Во исто време Австрија и Германија треба да преземат значајни чекори за да ја натераат Турција да ја исполни постигнатата спогодба со ЕУ и да се затвори границите за мигранти кон Европа.

Од таму доаѓа и големото внимание на официјалните кругови и јавноста во ЕУ на состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Тој ја уверил дека ќе престане миграцискиот поток кон ЕУ. Ако Анкара го запре шверцот, само тогаш таа ќе ги добие ветените 3 милијарди евра, предупредила Меркел.

Според некои медиуми тоа е остра критика против Турција, по што дојде предупредувањето на австрискиот министер за внатрешни работи, дека Грција може да биде привремено исфрлена од Шенген, ако не ја зајакне контролата на своите граници и не запре мигрантите.

Повеќето медиуми и набљудувачи во ЕУ дошле до заклучок дека затворањето на грчко-македонска граница во пракса ќе ја изолира Грција и ќе ја исфрли од Шенген зоната.

За време ни посетата на Љубљана унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека поставувањето на оградата долж границата со Србија е во целосна согласност со правилата на Шенген и дека без ставањето на ограда на македонско-бугарската граница со Грција не може да се совлада миграцискиот бран. Во исто време Миро Церар посочи дека унгарските и словенечките мерки делумно го намалија приливот на мигранти.

ЕК оваа недела испратила тим од експерти во Македонија, кои треба да се разбере со какви средства располагаат властите во Скопје за запирање на мигрантите и каква помош ЕУ треба да даде.

Во своето писмо до лидерите на ЕУ и Западен Балкан Церар повика на итно решение за миграција криза и предупреди дека “милиони мигранти чекаат да стартуваат кон Европа оваа пролет”. “Грција е клучна земја за решавање на миграциското прашање и поради таа причина сме должни да и помогнеме, за да можеме да ја ставиме под контрола ситуацијата”, рече Церар.