Европската гранична агенција може да и помогне на Македонија да ја контролира својата граница со Грција. Во моментов “Фронтекс” има право да дејствува само на територијата на Европската унија.
ЕК планира во најбрз начин да се создаде правна основа за работата на “Фронтекс” во Македонија, пишува “Билд ам Зонтаг”. Така ЕУ реагира на иницијативата на словенечкиот премиер Миро Церар за засилување на поддршката за Македонија на нејзината граница со Грција.
Во моментов европската агенција има право да дејствува само на територијата на ЕУ, но сега оваа правна норма ќе биде променета. Македонија ќе добие финансиска помош, а исто така техника и квалификувани вработени. Претходно ЕК веќе му позајми на Скопје 2,6 милиони евра во форма на хуманитарна помош.
На состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите од ЕУ, која ќе се одржи утре, словенечкиот предлог ќе биде разгледан. Планот, исто така е претставен на германската влада и во моментов се испитува во Берлин, нагласува “Билд”.
Македонија е дел од таканаречената “Западна рута”, преку која мигрантите доаѓаат во ЕУ. Земјата настрада најмногу од активностите на соседна Грција, чии власти организирано ги испраќаат мигрантите на север во Македонија, а од таму и во ЕУ стотици илјади мигранти.
Грција, која граничи со Македонија, постојано е обвинувана од тоа дека не ги штити надворешните граници, кои се исто така надворешните граници на Унијата. Во овој поглед Австрија инсистираше за привремено исклучување на Грција од Шенген зоната, нагласуваат германските медиуми.
