Ние сме должни да поставиме граници, категоричен е Курц.
Воведувањето на ограничувања за прием на бегалци ќе доведе до домино ефект и на тој начин ќе се зголеми притисокот за прием на европска заедничка одлука за ова прашање. Тоа,го рече австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц за весникот “Естерајх”.
“Ние сме должни даги поставиме границите. Кога зборуваме за воените бегалци треба да имаме предвид дека тие поминале низ прилично сигурни држави и на крајот на чисто економски причини поднесуваат барања за добивање на статус на бегалциво Австрија, Германија или Шведска”, нагласува австрискиот дипломат и појаснува дека властите ќе запираат прифаќање кога ќе биде достигната граница од 37 500 лица за оваа година. Курц потсетува дека согласно Даблинскиот договор бегалците треба да поднесуваат барања за добивање азил во првата држава од ЕУ, како што во случајот е на пример Грција. “Когаќе ја достигнеме горната граница Австрија природно може да ги врати назад на границата бегалците кои доаѓаат од Словенија, која е безбедна држава, бидејќи тие имаат само економски мотиви за барање на азил во Австрија”, вели уште Курц. Тој предупредува дека е можно да се дојде до “големо враќање на границата”. Не може секоја година да гледаме како оваа ситуација се повторува. Решени сме да дадеме јасни позиции, изјави Курц. Според него е можно да се дојде до “непријатни сцени и насилство”. “Огромен дел од бегалците се мирољубиви, но можно е некои од нив да користат сила против полицијата и армијата. Може да станеме сведоци на непријатни сцени”, истакна австрискиот дипломат, но нема отстапувања.