СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.С. (56) од Охрид, вработен како судија во Основен суд Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Во 9 сообраќајки вчера во Скопје, 9 повредени
Пријавениот на 25.01.2016 година, како судија во во судски граѓански предмет, од вработен во Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз од Охрид, директно побарал и примил поткуп од 5.000 денари. Тоа го направил со цел, во рамките на своето службено овластување, за истиот граѓански предмет да донесе пресуда во корист на туженото Трговско друштво.
Во текот на декември минатата година во Охрид, пријавениот се сретнал со претставник на туженото Трговско друштво и притоа директно од него побарал поткуп во паричен износ од 15 илјади денари, доколку сака истиот како судија односниот предмет да го реши во корист на неговата фирма. Притоа, вработениот во фирмата му кажал дека сумата била превисока и не можел да му ја даде како поткуп. Во текот на јануари годинава пријавениот повторно го побарал претставникот на фирмата и го повикал во неговата канцеларија, при што сумата за поткуп ја намалил на пет илјади денари.
Бараните пари, пријавениот ги примил на пред три дена во просториите на „Трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз – извоз“ од Охрид. По наредба на судија во присуство на адвокат бил извршен претрес на пријавениот при што во неговиот лев преден џеб од пантолоните биле пронајдени пет банкноти од по илјада денари со обележани сериски броеви и криминалистичко-технички претходно обработени кои ги примил како поткуп. За претресот извршен е записник а парите и неговиот мобилен телефон со потврда се одземени.
