Путин “за жив не го есапи”, одби средба со Ердоган

од desk3
101 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Ердоган побара итна средба со рускиот колега Владимир Путин, откако Анкара објави дека руски борбен го нарушил воздушниот простор на Турција, соопшти Ројтерс.

Image_5270371_126

Нема одговор од руска страна, изјави Ердоган за новинарите. “Ако Русија продолжува да го крши суверенитетот на Турција, ќе си ги понесе последиците, тој воздушен простор се јавува и како НАТО простор, затоа алијансата исто следи ситуацијата”, рече Ердоган пред да отпатува во посета на Латинска Америка.

Тензиите меѓу двете земји ескалира повторно откако Анкара обвини дека руски Су-34 влегол во турското небо во петокот во 11,46 часот по локално време за 20-25 секунди на турско-сириската граница. Инцидентот се случил и покрај предупредувањата на екипажот на ловецот, упатени на руски и англиски јазик. Доцна во саботата рускиот амбасадор беше итно повикан во Анкара и му беше врачена протестна нота.

Москва ги негира обвинувањата. “Таквото кршење немало, а тврдењата на турската страна е неоснована пропаганда”, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана. Шефот на НАТО Јенс Столтенберг сепак потврди дека руски воен авион го нарушил турскиот воздушен простор. Тој ја повика Русија да ги преземе сите неопходни мерки за да нема нови нарушувања, соопшти Ројтерс. И Пентагон исто така, рече дека руски борбен авион влегол во небото на Турција и НАТО.

Поради инцидентот турската воена авијација прогласи претпоследен портокалов степен на борбена тревога, соопшти агенцијата Анадолија. Тоа значи дека пилотите на патролирачките турски авион ќе имаат
дозвола да отворат оган по натрапникот по сопствена проценка. Тие веќе нема да пријавуваат на командата и да бараат одобрение за симнување. Според турски медиуми со овој потег Турција покажува дека е подготвена на сè. За ВВС внесеното ниво значи дека судир може да има секој момент.
Турскиот претседател Реџеп Ердоган бара начин да се сретне со Владимир Путин и за тоа ги користи сите можности, дури и преку соопштенија за прекршување на турскиот простор од руски авиони, тврди заменик-претседателот на надворешната комисија на Думата- Леонид Калашников. “Што и да кажат Турците сега, во нивната добра волја никој нема да поверува. А да се предупредува за да се комуницира, е најмалку наивно по убиството на наши граѓани “, рече тој.
Двајцата претседатели не се сретнале по соборувањето на рускиот воен авион од турски борбен крај сириско-турската граница во ноември. Инцидентот, во кој загина руски пилот, стана причина за тешка криза во билатералните односи, која продолжува и до денес.