Научниците утврдиле дека мајки кои страдаат од дебелина и дијабетес три до четири пати почесто раѓаат деца со аутизам и други нарушувања на психичкиот развој.
Овие набљудувања на научниците врз 3 000 семејства во САД беа објавени во специјализираното списание “Pediatrics”. “Нашето истражување покажува дека заканата од развој на аутизам присуствува за време на развој на фетусот во утробата на мајката. За нас е важно да се разбере како точно комбинацијата дијабетес и дебелина доведува до влошување на развој на фетусот и на детето по раѓањето”, вели Даниел Фалин од универзитетот “Џон Хопкинс” во Балтимор.
Фалин и нејзините колеги дошле до заклучоците, гледајќи 3 000 деца, родени во 1998 година во Бостон. За време на овој мониторинг научниците собирале податоци не само за здравјето на децата, но и на нивните родители. Проблемот, објаснува Фалин, е дека денес повеќе од 30% од младите и во средна возраст Американки страдаат од дебелина, а меѓу 9 и 19% од нив се носители на дијабетес втор тип за време на бременоста или пред забременување. Ова покажува дека во иднина во САД може да се очекуваат сериозни проблеми со деца со аутизам или интелектуални нарушувања.
Засега научниците не знаат каков точно е механизмот на кој дијабетесот и дебелината кај мајките доведува до чести случаи на аутизам. Се претпоставува дека дијабетесот предизвикува различни клинички состојби кај мајката и растројства во хормоналниот систем.