Најмалку две лица се приведени во полиција на разговор за наводна вмешаност во денешните судири што избувнаа меѓу полицијата и демонстрантите за време на протестите во Атина.
![]()
Анархистички групи попладнево се собраа на плоштадот Омонија, по што поставија барикади на улицата Стурнари во близина на плоштадот Егзархија и запалија контејнери за смет.
(ВИДЕО) Молотови коктели, камења, солзавец: Инциденти на протестот во Атина
Во исто време, на околните улици се концентрирали силни полициски единици.
Група неидентификувани лица, исто така, фрлаа молотови коктели на полицајците од единиците за спраување со нереди стационирана пред канцелариите на партијата ПАСОК. Во тек е полициска акција за лоцирање и апсење на сторителите.
За време на денешниот протест во Атина беше нападнат и репортерот на радиото „Атина 9.84“ Димитриос Перос кој беше претепан од лица со качулки, додека известувал за протестите. Опозициската Нова демократија и општината Атина го осудија инцидентот, нарекувајќи со напад врз слободата на печатот и обид за тероризирање на новинарите.
Перос бил погоден и во главата и во моментов е на испитување во болница.