Советот за етика им нуди на медиумите повелба за етичко известување за изборите

од desk3
110 прегледи

 

Повелба за етичко известување за време на избори изготви Советот за етика во медиумите со цел, како што посочуваат оттаму, да се постигне навремено, вистинито и објективно информирање на јавноста за претстојните парламентарни избори.

da

Согласно повелбата, која ќе им биде понудена да ја потпишат на сите медиуми на 12 февруари, нивната работа треба да се заснова на принципите на вистинитост и објективност, на избалансираност, на јасна граница меѓу информациите и коментарите, на чесност и неутралност, на професионална солидарност, уредувачка независност и професионален интегритет, на почит и толерантност, како и на слобода и одговорност.

– Изборите претставуваат голем предизвик за медиумите ставајќи ја на тест нивната професионалност, независност и доследност во известувањето. Со цел да ја остварат својата улога, медиумите мора да покажат високо ниво на професионализам, точност и независност во информирањето, рече извршната директорка на Советот за етика Марина Тунева12642462_914801441973153_7886003369544639541_n.

Питер Ван Хауте бара компромис од партиите за регулација на медумската сфера

Појасни дека процесот за прифаќање на повелбата е отворен и ќе биде заокружен до крајот на следната недела односно на 12 февруари кога медиумите ќе бидат повикани да ја потпишат.SEMM2

– Потписниците на овој документ со нејзиното прифаќање би се согласиле дека ќе се придржуваат до принципите на професионално и независно известување и ќе се залагаат за афирмирање на етиката и професионалноста во известувањето, рече таа.

Потребата за изготвување ваква повелба, како што рече Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби на Советот, произлегла од досегашната практика, која, како што потенцира, покажала дека се соочуваме со непрофесионалност и неетичко работење на медиумите. /МИА