(ВИДЕО) Шилегов: 20 милиони евра за медиумска пропаганда наместо за граѓаните

од desk3
112 прегледи

„Република“ не може да ги оправда милионските приходи.
„Република“ не може да ја демантира поврзаноста со Белизе, даночниот рај на Никола Груевски. Официјалните документи го потврдуваат тоа.

За три години, во само три телевизии Сител, Канал 5 и Алфа, задолжени за ширење на владините лаги завршиле 13 милиони евра. Наши пари, пари на граѓаните.

-20-милиони-евра-за-медиумска-пропаганда-наместо-за-граѓаните

Заедно милионите на сметките на „Република“, „Курир“, „Радио Слободна Македонија“ и ново објавените 4 милиони евра за сопственикот на Нова ТВ, тоа се неверојатни 20 милиона евра!

Тоа не е се. Освен од Владата овие медиуми добивале народни пари и преку рекламите на јавните претпријатија.

Со овие 20 милиони евра можеа да се отворат 4 фабрики. Со овие 20 милиони евра може да се вработат најмалку 4 илјади граѓани. И тоа 4 илјади реални работни места а не виртуелни работни места во фантомски фирми.

Со овие 20 милиони евра 80 села во цела Македонија можеа да добијат современа амбуланта со медицински персонал.

Имаме 1,8 милиони гласачи на 2 милиони жители, 20.000 повеќе од 2014 година

Со овие 20 милиони евра можеа да се изградат 15 нови, современи градинки и да се обезбедат соодветни услови за над 3.000 дечињата.

Наместо за решавање на проблемите на граѓаните 20 милиони евра отидоа за пропаганда, нарачани прилози и црни кампањи. 20 милиони евра за медиумите кадешто вистински газда и уредник е Никола Груевски.

Ова е една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларни избори и предизборен процес.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа закони за регулација на медиумите.