Наоми Вотс ги отвора вратите на зашеметувачкиот, семеен дом во Њујорк, кој всушност претставува мансарда.
Актерката и долгогодишниот нејзин партнер Лив Шрајбер бараа неколку години совршеното живеалиште во Големото јаболко, кое е на вистинското место и ги исполнува сите нивни вкусови и барања.
Наоми и Лив го покажуваат станот во новиот број на списанието Architectural Digest. Двојката позира со нејзините две деца Александар (8) и Семјуел (7).
Главниот дом на Вотс и Шрајбер е во Лос Анџелес, Калифорнија, а освен тоа двајцата имаат имот и во татковината на русокосата – Австралија.
Наоми го купува таванот во 2012-та за 3,9 милиони долари.
“Во Њујорк никогаш не можеш да најдеш имот кој да одговара на соништата. Едно нешто што го научив во текот на годините за големите поправки е дека тие се тежок потфат и се тешко сварливи за целото семејство”, раскажува таа за списанието.
Во дизајнот на домот Наоми и Лив се обложуваат на минималистички елементи, комбинирани со антиквитети од 19 век.
Голем дел од мебелот во дневната се на брендот Ralph Lauren.
Видете ги фотографиите на прекрасниот стан на Наоми Вотс во галеријата.
