Мора со Македонија- Европа не може да се потпре на Грција во борбата против миграцијата

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер остро ги критикуваше властите во Атина во однос на миграциската  криза и заштита на надворешните граници на ЕУ. Критиките беа упатени во присуство на заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Никос Ксидакис, кој е во посета во Виена.

4646615

Австрискиот министер директно  го праша својот гостин, “зошто политичкото раководство на Грција смета дека не може да ги користи поморските сили за цивилни цели – на пример заштитата на надворешните граници на Европската унија”. За сите други земји е апсолутно нормално армијата да помага при заштитата и обезбедувањето на границите, рече уште Јохана Микл Лајтнер и потсети дека Германија и Италија испратија своите воени бродови во Средоземното Море за справување со бегалскиот бран. Австрискиот министер за внатрешни работи истакна дека во последниот извештај за состојбата во Шенгенскиот простор има огромни критики против грчкото раководство. “Во моментов разгледуваме што планира да направи грчката влада за контрола на заедничката надворешна граница на ЕУ, се разбира со поддршка на целата Европска унија”, истакна австрискиот министер. Јохана Микл Лајтнер и призна дека Австрија не може да смета на Грција и поради оваа причина започнала преговори со земјите од т.н.. Балкански пат, со цел намалување на притисокот од јужниот дел на континентот.

Токму поради тоа дури двајца министри за надворешни работи од ЕУ, Себастијан Курц од Австрија и Љубомир Заоралек од Чешка, неделава ќе престојуваат во Скопје за да го презентираат планот за бегалците зад кој покрај нивните, стојат уште пет други, главно источноевропски земји инспирирани од Унгарија. / Танјуг