75
Граничниот премин “Кулата – Промахон”, кој со денови периодично е затворен од демонстрантите грчки фармери, денеска беше блокиран од бугарски возачи.
Тие направија жива синџир и не пропуштаат ниту лесни возила, ниту камиони во Бугарија . “Тука сме благодарение на бугарските политичари, на грчките, на европските политичари, кои не можат да го решат проблемот”, велат демонстрантите.
Ердоган: Секој момент можам да ja отворам границата кон Бугарија- ќе пукате ли на бегалците?
Би Ти Ви соопшти дека во текот на ноќта пак два бугарски автобуси ја пробиле земјоделската блокада на граничниот премин и влегле во Грција. Има информации за искршени автомобили и за петмина уапсени.