Шеќеринска гостин во Канал 5: Осум години не сум добила покана за гостување

од desk4
102 прегледи

Поминавте долги години со Бранко Црвенковски, Хари Костов, Бучковски. Бевте единствена жена премиер, кога беа најголеми предзвиците. Имавте ли проблеми, сепак е машки свет политиката.

Screenshot_73

Шекеринска одговори дека машки или женски, поранешниот премиер Груевски никогаш не прифаќал ниту со маж ниту со жена да излезе на дуел. Еве ако постои човек со долг стаж тогаш е тоа Никола Груевски, цели 14 години е премиер или министер. Од временска дистанца како е, праша Богатинова.

Од временска дистанца е што станавме земја кандидат во мое време и десет години не сме мрднале од таа позиција.

Коментирајќи ги шпекулациите на медиумите блиски до власта, дали специјалната обвинителка Катица Јанева минатата вечер разговарала со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Шеќеринска ги отфрли информациите потенцирајќи дека тоа се режимски лаги.

– Одговорно тврдам дека тоа не се случило, но она што е интересно е како Јанева на почетокот беше доечака со аплаузи а сега наеднаш стана непријател. Јанева беше со консензус изгласана. Груевски мисли дека може се да контролира, и кога виде дека тлото го губи, почна со хајка против неа, одговори потпретседателката на СДСМ.

https://youtu.be/7rzo7TzF-Pc

Забележав на едно од прашањата на последното интервју со Никола Груевски 7 минути немавте храброст да му се вмешате во одговорот. Ако поставувате прашање тогаш ќе дадете и шанса за одговори.