Ване Цветанов избран за координатор на Комитетот за заштита на правата на граѓаните- ќе се борат против злоупотребите на власта

од desk3
111 прегледи

Поради големите повреди на слободите и правата на граѓаните направени преку злоупотреби од страна на режимот, преку партизација и суспендирање на уставните и законските надлежности на институциите, особено правосудните, денес е основан Комитет за заштита на правата.

Комитетот ги повикува граѓаните кои неможат сами да се изборат за своите слободи и права и да се спротистават на злоупотребите кои се прават од поединци и групи во институциите и надвор од нив, а под заштита на режимот, да се приклучат на Комитет за заштита.

vanecvetanov

Комитетот целосно ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство и бара случаите да ги зема во работа по принципот на итност и приоритет.

Комитетот за заштита активно ќе се залага секаде и во секој случај каде се пријавени злоупотреби, институциите и одговорните лица да ги отстранат. Од одговорните лица ќе се бара да постапат согласно законот и согласно начелото на итност, која е предвидена во Уставот на РМ кога се повредени слободите и правата на граѓаните. Согласно законите, органите се сервис на граѓаните, а не сервис за реализација на интереси на поединци и групи кои го суспендираат уставниот поредок и кои делуваат паралелно и противправно. Комитетот ќе се бори за спречување на секој обид за реваншизам од било каков вид.

Комитетот за заштита го сочинуваат членови, лица кои имаат интерес за заштита на своите слободи и права и основните вредности на Уставниот поредок на РМ и експерти и професионалци кои сакаат да дадат свој придонес. Член на Комитетот може да биде секое лице: а особено граѓани кои претрпеле неправда и биле предмет на злоупотреби; лица кои биле предмет на политички монтирани судски процеси; правници, адвокати и професори; пензионирани судии и обвинители; бизнисмени кои противправно се оштетени по разни основи; пензионирани припадници на безбедносните сили од МВР и АРМ; лица предмет на реваншизам; бранители; поранешни службеници и функционери од областите на заштита на слободите и правата на граѓанинот и слично.

ДИК: Ги добивме податоците од 10 институции, од утре почнува вчитувањето во серверот

За координатор на Комитетот е избран Ване Цветанов. Комитетот ги повикува граѓаните на кои непосредно им се повредени правата и сите други заинтересирани лица да пристапат кон Комитетот. Комитетот работи непосредно по усмено и писмено поднесени иницијативи и преставки. Комитетот особено ќе се залага за правично и законито постапување во случаите „Шпион“, „Монструм“, „Ликвидација“, „Ровер“, „Мартин Нешковски“, „Јустиција“ и сите слични случаи.

Комитетот во рамките на својата оперативна програма ќе побара средби со: Народниот правобранител Мемети; Министерот за правда Јашари; Судскиот совет; Советот на јавни обвинители; Јавниот обвинител Зврлевски; Специјалната обвинителка Јанева; Хелсиншкиот комитет за човекови права; Министерот за внатрешни работи Спасовски, неговиот заменик Чавков и други функционери и со претставници на меѓународната заедница.

Интегрален текст