ДИК: Ги добивме податоците од 10 институции, од утре почнува вчитувањето во серверот

од desk3

Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден (10 февруари 2016 година) ги доби базите на податоци од сите десет институции со кои ДИК има склучено договор, и тоа: Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Управата за јавни приходи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Народната банка на Република Македонија.

dikk
Државната изборна комисија денес записнички ги отвори пликовите во кои беа доставени бараните податоци во електронска форма и клучевите за криптирање и декриптирање на истите. Во текот на денешниот ден ќе отпочне и процесот на вчитување на добиените податоци во серверот на Државната изборна комисија.

(ВИДЕО) Поповски: Латас го растури планот на ВМРО ДПМНЕ да прикаже нормалност во медиумите и заложба за некакви европски вредности

Државната изборна комисија денес оствари и средба со Народниот правобранител на Република Македонија, г-дин Иџет Мемети. На средбата се разговараше околу унапредувањето на соработката и комуникацијата помеѓу двете институции во насока на зајакнување на остварувањето и заштитата на избирачкото право како уставно загарантирано човеково право. Претставниците од обете институции недвосмислено ја изразија потребата од интензивна меѓусебна комуникација и сериозен пристап кон разрешување на сите прашања кои ги засегаат граѓаните. Тие ја потврдија својата посветеност кон остварувањето на своите надлежности транспарентно во корист и служба на граѓаните.
Интегрален текст

loading...

Слични содржини